Упатство за креирање на акаунт и користење на Panic Button апликацијата

1. Што ќе добиете со користење на Panic Button апликацијата?

Со притискање на виртуелното копче вие сте безбедни. Вашата дојава пристигнува во Мониторинг центарот кој најпрво Ве контактира преку Вашиот телефонски број за контакт и според Вашите барања и потреби реагира со конкретна интервенцијата.

Покрај безбедноста која ви ја нудиме со испраќање на Патролно Интервентните Групи располагаме и со Влечни служби кои може да Ви ги обезбедиме доколку се најдете во незгода на пат на територија на Македонија и пошироко во земјите од регионот . Патролно интервентните групи работат 24 часа, што значи излегуваме во пресрет во секое време од денот.

2. Креирање на акаунт и регистрирање на услугата Panic Button

Со самото пристапување на http://panic-button.mk/ добивате преглед на сајтот на кој може да ги забележите предложените пакети кои ги нудиме како опција за користење. Во продолжение на секој пакет се наведени услугите кои може да ги добиете со избирање на соодветниот пакет. Откако ќе извршите преглед на пакетите се одлучувате за еден од нив со лев клик на глувчето.

Во секој од предложените пакети имате можност да изберете еден од нив во зависност колкав период би сакале да ја користите услугата. Било кој пакет да го изберете од предложените три подпакети ја добивате истата услуга која е наведена на почетното мени во продолжение на основниот пакет.

Откако ќе извршите селекција на еден од трите подпакети, повторно на истиот начин на вас ви се отвара прозор во кој се наведени условите за употреба и општите услови за работа на апликацијата. За да продолжите понатаму потребно е да се изјасните дека се согласувате со договорот и упатството за работа на самата апликација на едноставен начин со штиклирање на кругчето кое се наоѓа во левиот агол над копчето ЗАТВОРИ, како на слика 1.

Откако ќе го штиклирате полето Се согласувам со условите потребно е да го потврдите тоа со клик на полето ПРИФАТИ.

Веднаш потоа штом ќе извршите прифаќање на условите Ви се отвара друга страница која е наменета конкретно за регистрација на нов корисник во која е потребно да ги пополните сите полиња особено оние кои се назначени со * и да вметнете Ваша професионална слика на која ќе дојде до израз вашиот личен опис.

По пополнување на сите полиња потребно е да кликнете на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ и со тоа вие сте регистрирани како корисник на Panic Button апликацијата, но не сте активен корисник се додека не извршите уплата (без разлика дали уплатата ќе ја извршите електронски или преку профактура).

За да извршите електронска уплата на апликацијата кликате на копчето УПЛАТИ кое ќе го имате на увид веднаш по извршената регистрација. За да извршите електронска уплата на вашата посакувана услуга потребно е да ги внесете вашите податоци од електронска картичка со наведување на Името и Презимето на корисникот која ќе ја користи услугата. Доколку не сте во можност да извршите електронска уплата или уплатата сакате да ја извршите преку профактура во тој случај само го исклучувате интервејсот. Откако ќе ја испечатите Вашата профактура и откако ќе извршите уплата на истата ќе Ви биде извршена активација на услугата веднаш штом ќе се евидентира вашата уплата.

Откако ќе извршите уплата на апликацијата Вие сте активиран корисник и во моментот на активација добивате електронско известување на мејл за извршената активација на апликацијата и истата од тој момент може да ја користите за ваши потреби при дадени незгоди.

3. Во кои ситуации може да помогне Panic Button апликацијата?

Широк е опсегот на ситуации во кои Panic Button апликацијата може реално да помогне. Имено доколку вашето дете оваа година за прв пат го праќате на одмор со пријателите сигурно се грижите за неговата безбедност. Апликацијата Panic Button ќе овозможи вашето дете да се чувствува далеку побезбедно.

Доколку вашиот автомобил за време на вашето патување се расипе или сте се нашле во незгода доволно е само да го притиснете црвеното копче на апликацијата Panic Button и нашата влечена служба ќе дојде на местото на настанот и ќе ви помогне.

Доколку во лето наместо море изберете планинарење апликацијата Panic Button е вистински партнер за вас. Имено доколку се најдете во било каква незгода ситуација, сте се изгубиле или повредиле доволно е да го притиснете виртуелното црвено копче и нашите служби ќе ве пронајдат и ќе ве извлечат од незгодата.

Погоре наведените примери се само мал дел од целокупниот опсег на ситуации во кои може да ви помогне апликацијата Panic Button.

Упатство за инсталација на Panic Button апликацијата

1. Инсталација на апликацијата Panic Button

Panic Button aпликацијата е наменета и подржана од телефони со оперативен систем apple и android, и истата е достапна на App Store и Google play. Апликацијата може да да се симне со вклучување на App Store или Google play или во зависност од вашиот телефон и со впишување на perpetuumobile panic button во полето за пребарување ја пребарувате апликацијата.

Изгледот на апликацијата е прикажан на сликите:

Откако ќе ја пронајдете апликацијата која е поставена како free верзија може да ја инсталирате едноставно само со еден клик на копчето Install. Инсталацијата е брза и едноставна па откако ќе заврши потребно е најпрво да извршите најавување со вашето корисничко име и лозинка кои ги имате внесено и при самата регистрација на вашиот профил на http://panic-button.mk/.

За да овозможите работа на апликација потребно е најпрво да влезете во табот Settings кој се наоѓа на левата лента на самата апликација. По внесување на податоците како корисничко име и лозинка го притискате копчето LOGIN на апликацијата за да извршите логирање. Доколку вашето корисничко име и лозинка се валидни во тој случај ќе ви се појави пораката SUCCESSFUL LOGIN, а доколку податоците не се валидни ќе се појави пораката INCORRECT USER OR PASSWORD па ќе се појави потреба од повторен обид за внесување на корисничко име и лозинка се додека не ги внесете точно.

По успешно извршеното логирање потребно е да кликнете на табот HOME кој се наоѓа веднаш над табот SETTINGS и едноставно д го притиснете виртуелното црвено копче и дојавата за паник веднаш ќе се проследи до нашиот Мониторинг центар кој ќе интервенира преку испраќање на Патролно Интервентна Група на вашата локација која ја детектираме преку GPS локаторот.

Откако ќе се изврши интервенцијата од страна на Патролно Интервентната Група потребно е да извршите исклучување на вашата дојава за паник, а тоа ќе го направите со повторно притискање на виртуелнотот црвено копче и во полето што ќе ви се појави повторно да ја внесете вашата лозинка и тоа ќе го потврдите со клик на копчето CONFIRM.

Напомена: за да ја користите оваа апликација и за да може да се извршуваат интервенциите брзо потребно е да имате стабилна интернет врска и задолжително вклучен GPS локатор на вашиот мобилен телефон.